СДСМ смирува: Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни


Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни, Владата работи на економски развој и стабилизација на ПИОМ

Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување .

Но граѓаните може да бидат спокојни и мирни затоа што пензиите се стабилни. Исплата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено.

Владата предводена од СДСМ се грижи за сегашните, но и за иднинте пензионери. Затоа надлежните институции работат на план за Фондот на ПИОМ да стане одржлив.

Преку економските политики и Планот за економски раст, Владата предводена од СДСМ обезбедува нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ. Со тоа зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна.