СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, амнестија нема да има


ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО. Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани, се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ амнестија за криминал нема да има.

„Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за избори и именувања за да се изберат членови на Државната изборна комисија. Тоа впрочем е предуслов за одржување на референдум за иднината на државата. Македонија оди напред како модерна, демократска држава пријател на светот и членка на ЕУ и НАТО. Ниту еден обид на деструктивните сили нема да ја врати државата во времето на изолации, поделби и неизвесност, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, се наведува во соопштението на партијата.