Руската амбасада го донесе Светскиот куп во Скопје
Во присуство на голем број пријатели и личности од јавниот живот, амбасадата на Русија во Скопје го прослави Денот на Русија. Забавата во хотелот „Александар Палас“ беше целосно во знак на фудбалот и Светското првенство во фудбал што денеска започнува во Русија.
Главна ѕвезда беше малиот Јане Велковски, момчето со спинална мускулна атрофија, кое е амбасадор на УЕФА и кое храбро се носи со сите предизвици со кои што се соочува.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите што ги сними нашиот репортер Борис Грданоски.