Претседателот на австрискиот Национален совет Соботка во посета на Македонија


Претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, предвидено е Соботка да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. По средбата предвидени се изјави за медиумите.

Австрискиот гостин ќе има и обраќање пред пратениците на закажаната 63. собраниска седница.

Претседателот на австрискиот национален совет предвидено е да се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, и членовите на оваа комисија.