Презентирани најголемите „QLED“ телевизори досега


Компанијата Самсунг (Samsung Electronics Co.) ја претстави најновата “QLED“ серија на телевизори на Форумот Самсунг Европа, одржан во Конгресниот центар “Алфандега Порто“ во Порто, Португалија. Претставувањето на најновата “QLED“ серија на телевизори се одржа непосредно пред официјалниот почеток на продажба кај малопродажните партнери ширум Европа, најавен за следниот месец.

На Форумот Самсунг Европа присуствуваа над 2.000 партнери, потрошувачи и медиуми од целиот регион. Тридневниот настан на присутните им овозможи да ја искусат целосната серија на “QLED“ за 2019 година.

Клучните производи, ексклузивно, за првпат, вклучуваат “8K“ и “4K“ модели телевизори. Димензиите на екранот на моделот “8KQ950R“ варираат од 65 до 98 инчи, правејќи ги најголемите Самсунг ТВ екрани досега. Самсунг “4К“ серијата е составена од “Q90“ и “Q85“ – уникатни модели наменети за Европскиот пазар, како и моделите “Q80“, “Q70“ и “Q60“. Димензиите на овие модели варираат од 43 до 82 инчи. Вкупно, проширената серија на “QLED“ телевизори за 2019 година содржи повеќе од 20 модели и вклучува повеќе ултра-големи ТВ модели.

Зголемениот асортиман на телевизори со ултра-голем екран во најновата серија на ТВ уреди е дел од проширената стратегија на Самсунг- резултат на постојаното менување на потребите на потрошувачите. Според “IHS Markit“, светскиот провајдер на бизнис информации, пазарот за ТВ уреди со димензии од 75-инчни или поголеми бележи 2,1 милион единици во 2018 година, а се очекува да порасне за 43%. Поконкретно се очекува зголемување до 3 милиони единици оваа година, односно до 5,8 милиони единици до 2022 година .

“Сведоци сме на големата доверба и лојалност на нашите корисници кон Самсунг “QLED“ телевизорите во изминатата година. Оваа година нашите “QLED 8K“ и “4K“ серии телевизори се резултат на зголемената побарувачка на пазарот за ултра-големи телевизори. Горди сме што денес ги претставуваме нашата најиновативна и извонредна серија телевизори.” – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Извршен Потпретседател на Бизнис Секторот за Визуелни Екрани во Самсунг.

Неверојатни темни нијанси и агол на гледање – предности на “QLED“ тв уредите

Како дел од посветеноста на Самсунг за проширување на својата “QLED“ технологија, новите “2019 QLED“ телевизори пристигнуваат со технологија за ултра широк агол на гледање. Оваа технологија ги реструктуира панелите на телевизорот, со што позадинското осветлување поминува низ панелот со рамномерна светлина на екранот. Со оваа технологија, најновите телевизори од “QLED“ серијата за 2019 година прикажуваат остри слики со подлабоки темни нијанси и поширок агол на гледање. Како надополнување на оваа технологија, најновите “QLED“ телевизори имаат и “Direct-Full-Array“, односно пософистицирана контрола на контрастот, овозможувајќи подлабоки темни слики без замаглување.

Новите “QLED 4K“ модели на Самсунг, како и “8K“ моделите, се опремени со “Quantum“ процесор на Самсунг, овозможувајќи им на “QLED 4K“ производите да испорачаат содржина од различен извор, во различни резолуции, со подобрена осветленост, квалитет на слика и звук. Сите овие перформанси се оптимизирани за секоја сцена со помош на Вештачка Интелигенција за зголемување на резолуцијата.

Покрај тоа, сите “2019 QLED“ телевизори на Самсунг ќе имаат “HDR10 +“ премиум формат за обработка на слика. Стандардот “HDR10 +“ ги прави поквалитетни светлите и темните сцени кои се прикажуваат на екранот. Ова се овозможува со оптимизирање на контрастот за секоја сцена, допринесувајќи им на корисниците да уживаат во богатата слика што се прикажува. “QLED 8K“ телевизорите, исто така, ќе поддржуваат пренос преку HDMI 2.1 (8K 60P), а корисниците ќе можат да уживаат во содржина со висок квалитет на сликата кои се пренесуваат преку зголемување на резолуцијата на “8K“ со помош на Вештачка Интелигенција.

Удобно ТВ искуство со “AI” Интелигентен Асистент “Нов Бигзби” (New Bixby) и Отворена Платформа

Функцијата “Нов Бигзби“ на телевизорите од најновата “QLED“ серија за 2019 година им овозможува на корисниците лесен пристап до содржината што ја сакаат преку гласовните команди на “Универзалниот водич” на Самсунг. Овој водич им помага на корисниците да ја пребаруваат содржината што би им се допаднала врз основа на нивните претходни навики и преференции на гледање.

За да обезбедат повеќе опции за забава и отворена функционалност на платформата, Самсунг “паметните“ телевизори ќе понудат нова апликација за “iTunes“ филмови и ТВ-емисии, како и поддршка за “Apple AirPlay 2“. Со новата апликација “iTunes Movies & TV Shows“ корисниците можат да пристапат до нивната постоечка “iTunes“ библиотека и да пребаруваат низ “iTunes“ продавницата за да купат или изнајмат содржина. Со поддршката на “Apple AirPlay 2“, корисниците на Самсунг ќе можат лесно да репродуцираат содржини од уредите на “Apple“ директно на “паметните“ телевизори на Самсунг.

Дополнително, смарт телевизорите на Самсунг за 2019 година сега работат и со “Amazon Alexa“ и “Google Assistant“, овозможувајќи им на корисниците да го вклучат или исклучат телевизорот или да ја контролираат јачината на звукот преку едноставна гласовна команда.

Амбиенталниот Режим нуди поголема разновидност на уметност и декорација

Преку фунцијата “Амбиентален режим“, “QLED“ телевизорите на Самсунг овозможуваат испорака на корисни дневни информации како точно време, временски услови, новости или приказ на содржини, вклучувајќи фотографии. Покрај тоа, достапна е уште поголема варијација на теми која на корисниците ќе им овозможи да ја збогатат својата домашна средина и атмосфера врз основа на нивните лични преференции. Корисниците, исто така, може да го синхронизираат својот амбиентален екран со музика во периодот кога никој активно не гледа телевизија. Автоматскиот сензор за контрола на светлата монтиран на телевизорот обезбедува оптимална осветленост за околината, намалувајќи ја потрошувачката на енергија.

“The Frame“ и “The Serif“ пристигнуваат со “QLED“ технологија

На Форумот Самсунг Европа, компанијата, исто така, ги претстави моделите “The Frame“ и “The Serif“ за 2019 година, кои сега се опремени со “QLED“ диспеј.

Со “Art Mode” функцијата која прикажува фотографии и дигитални уметнички дела на екранот, “The Frame“ го претвора просторот на корисникот во уметничка галерија. Покрај тоа, ги прилагодува осветленоста и боите на содржината во согласност со околината на корисникот. Моделот “The Frame” за 2019 година кој е опремен со “QLED“ дисплеј, обезбедува извонреден квалитет на сликата кога се употребува, додека пак на потрошувачите им дава избор од повеќе од 1.000 уметнички слики кои може да се прикажуваат додека телевизорот е исклучен.

Моделот “The Serif” за 2019 година, дизајниран од страна на Ронан и Ерван Буроулек (Ronan and Erwan Bouroullec), а со акцент на естетиката, пристигнува во неколку големини и тоа 43, 49 и 55 инчи, заменувајќи ги постоечките модели со големина од 24 до 40 инчи. “The Frame (2019)“ и “The Serif (2019)“ ќе бидат официјално претставени истовремено во рамки на европските, корејските и американските пазари во април оваа година.