Поради мито приведен советникот на градоначалникот на Шутка


Попладнево е приведен Суад Мемеди, советник на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Како што неофицијално дознаваме, Мемеди е уапсен под сомнение дека барал мито за легализација на куќа.

Мемеди, според информацијите, бил фатен со обележани банкноти во раце.Веднаш по приведувањето, советникот е однесен во скопска полициска станица.