Општина Куманово ќе потроши 200. 000 денари за набавка на дрон
Општина Куманово објави оглас за набавка на беспилотно летало со кое ќе ги проценува недостатоците во повеќе области на подрачјето на општина Куманово, информираа денеска од Одделението за односи со јавност од општината.
Огласот е објавен вчера, преку одделението за јавни набавки со барање за прибирање на понуди. Проценетата вредност е 200.000 денари или 3.250 евра без данок на додадена вредност.
Бисера Благојевиќ, советник за информирање и односи со јавност од општина Куманово, информираше дека дронот ќе се користи за откривање на диви депонии, за комунални проблеми, дивоградби, фрлање смет на јавни површини, тек на изградба на улици. Со дронот ќе управуваат двајца вработени кои претходно ќе поминат обука.
Понудата има важност од 60 дена.