Македонец „летал“ низ Хрватска со над 250 км/ч


Македонски државјанин вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, возел со брзина од 254 километри на час, објави хрватската агенција „Хина“.

Полицијата вчера запрела македонски државјанин со автомобил, кој бил со германски таблички и возел со брзина од 254 километри на час кај Нова Градишка. Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот „рекордер“ за Нова година во 12 и 45 часот. Тој бил исклучен од сообраќај и добил парична казна и забрана да управува моторно возило во времетраење од еден месец.

Ограничувањето на брзината на автопатите низ Хрватска е 130 километри на час.