Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
Од 08:45 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема (синџири) на патниот правец Тетово-Попова Шапка, соопштија АМСМ и ЈП Македонија пат.
Поради снег на коловозот, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 07:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.
Од 04:10 часот, забрана за сообраќај на камиони има и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.
Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
Поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Надлежните апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.