Дорис Пак: Неприфатливо е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за европската иднина на земјата
„ Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да примаат закани и да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на Пак, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Хелсински, каде се оддржува Конгресот на ЕПП.