Владата го објави договорот со Грција
Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста.
Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата.
– Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договоорт. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен – Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.
Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.
Договорот е достапен на следниот линк