Дескоска до Јанкулоска: Заврши времето на тефтерчиња
Заврши времето на судии во тефтерчиња – порача Рената Дескоска на примопредавањето на функцијата министер за правда.
Дескоска го кажа ова како одговор на отвореното писмо од Гордана Јанкуловска која во саботата го упати до Дескоска и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска.
Дескоска денеска ја презеде функцијата министер за правда и посочи дека приоритет ќе биде независноста на судството.