Двајца од обвинетите за нападот на Села признаа вина
Двајца од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села, Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески признаа вина по измените на обвинението со кое се товарат за насилство.
Судот ја раздвои постапката за овие обвинети и најверојатно за нив денеска ќе биде донесена пресуда.
Со измените на обвинението Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески се товарат за полесно кривично дело, а останатите седуммина ќе одговараат за обид за убиство врз Села.
Ф.Ф.С.