Вучиќ за референдумот: Некои луѓе од Европа мислат дека на Балканот можат да протуркаат сѐ


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигна во Русија, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ од Москва се осврна на резултатите од вчерашниот референдум во Македонија.

„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја… Се плашам дека некои луѓе во светот нѐ потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат кај нас да протуркаат сѐ – си мислат: ќе пробаме со народот, ако не, тогаш нема со народот, ќе се обидеме да извршиме притисок врз пратениците, ако и тоа не помине, не е важно, тоа мора да биде така… Би ги замолил луѓето од Европа и од светот да покажат повеќе почит кон малите народи и да покажат дека го разбираат тоа што се случува тука“, рече е Вучиќ од Москва.