ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето за одложување на конгресот
ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето на дел од членовите на партијата за одложување на конгресот што треба да се одржи викендов во Валандово.
-Станува збор за внатрепартиско прашање и партиските органи ќе одлучат дали конгресот ќе се одложи, изјави Дарко Косотовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на обвинувањата за фаворизирање и трошење партиски пари за еден кандидат за претседател на партијата, Костовски вели дека и тоа е внатрепартиско прашање за кое ќе се дискутирало во, како што рече, убава атмосфера на партиските органи.