Зошто треба да јадете бамја? Исклучително е здрава


Бамјата е исклучително здрава билка, можете да ја користите за приготвување на разни јадења, но неправедно е запоставена во нашата кујна.

Бамја е растение кое потекнува од Африка. Се одгледува во јужните делови на јужна Европа, САД, Западна Африка, како и во Индија, Бразил и Турција. Во Босна и Херцеговина, бамјата е незаменлива состојка во беговата супа.

Изгледа како пиперка, а може да се консумира свежа, сушена, конзервирана или варена. Можете да ја динстате или печете.

Ова растение е исклучително богато со минерали како што се магнезиум, калциум и калиум, а содржи и влакна и витамини А, Б6, Б9, Ц и К1. Содржи антиоксиданси и протеини. Нема маснотии, а една шолја бамја содржи околу 33 калории.

Можете да направите чај и од бамја. Бамја можете да ја додадете и во супи или чорби.