Зошто шефот на „Фајзер“ ја напуштил Грција?
Претседателот на фармацевтскиот концерн „Фајзер“ е родум од Солун. Но, како и многу Грци, кариерата ја изградил во странство. „Одливот на мозоци“ е сериозен проблем за Грција
Во Грција живеат околу 10 милиони луѓе, а седум до осум милиони Грци се во странство. Во Грција се горди на достигањата на своите иселеници. Алберт Бурла е таков пример. Роден е и израснал во Солун како син на солунски Евреин кој го преживеал холокаустот. Денеска тој е првиот човек на фармацевтскиот концерн „Фајзер“, кој меѓу првите направи вакцина против коронавирусот.
Грчката економија е тешко погодена од пандемијата, БДП е на рекодно ниско ниво, но Грците се горди дека Грк е на чело на успешната борба против пандемијата. Во земјата која е во криза ова е симбол на напредок. Во грчките медиуми вакцината на „Фајзер“ се слави како нивен национален успех.
Линк до целиот текст на Дојче веле тука