Зошто некои се асимптоматични?


 

Една од карактеристиките на Ковид-19 ги загрижува научниците, а тоа е дека покрај сите пациенти кои покажуваат јасни знаци на зараза, постојат таканаречените асимптоматски случаи, кои се заразени, а не покажуваат знаци на инфекција. Единствен начин да се утврди дека се инфицирани е тестирање.

Неаполскиот онлајн весник „Фанпејџ“ ги пренесува резултатите од истражувањето на дански научници од универзитетот во Архус, кои се обиделе да ја разјаснат таа непознаница.

Според резултатите од изтражувањето објавено во „Ембно репортс“, Ковид-19 е во состојба да избегне, да ги залаже имуните лелии во човековите бели дробови, а кои се појавуваат на која и да е инфекција, почнуваат да лачат интерферон, сопстанција која му помага на имуниот систем да го одржи организмот здрав.

Данските научници покажале дека корона вирусот е во состојба да ги инхибира, односно да ги спречи келиите (научното име им е макрофаги алвеолари) по заразата со вирусот зголемено да лачат интерферон и со тоа ја намалуваат способноста на организмот да се брани.

Токму тоа е причина што вирусот, во првата фаза од заразата, се шири од заразениот, кој не покажува знаци на болест, на другите со кои заразениот е во контакт.