Зошто Меланија Трамп ја нема на семејната божикна фотографија?
Отсуството на поранешната прва дама Меланија Трамп на празничната фотографија на нејзиното семејство конечно е објаснето.
Мајката на еден син, Барон, никаде ја немаше на фотографијата направена од семејното собирање за Божик во во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Извештаите сега тврдат дека таа избрала да го помине времето во посета на својата болна мајка.
Божиќната прослава Меланија ја поминала со својата мајка Амалија Кнавс, наместо со семејството Трамп во Мар-а-Лаго.
Кнавс моментално боледува од необјавена болест, поради што Меланија одлучи да го помине празничниот период со неа како знак на поддршка.
„Меланија отсекогаш била многу посветена на целото нејзино семејство“, изјави извор близок на поранешната прва дама за Fox News Digital. „Не треба да биде изненадување што таа го помина овој Божиќ со својата болна мајка.
Одлуката на Меланија доведе до нејзино отсуство од семејната Божиќна прослава на Трамп во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, претходно оваа недела.
Сликата од семејството како ужива во денот во луксузниот клуб од одморалиштето, исто така, се најде на социјалните мрежи, кои првично покренаа прашања зошто ја нема.
На божикната фотографија позираат Кимберли Гилфојл, свршеницата на Доналд Трамп Помладиот, самиот поранешен претседател Доналд Трамп; Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивните деца; Тифани Трамп и нејзиниот сопруг Мајкл Булос; и Барон Трамп, синот на Меланија.