Зошто кога е топло почесто имаме главоболки?

Главоболките не се ретка појава, а на топло време се јавуваат осум пати почесто. Освен што ја отежнуваат работата и концентрацијата, тие воопшто не се пријатни.
Терапевтот Полина Шубина објасни зошто нашата глава може толку многу да боли кога е жешко. Првата причина е високата температура.
„Секој организам реагира на топлина со проширување на крвните садови и што резултира со пад на крвниот притисок. Кога крвниот притисок е премногу низок, недоволна крв допира до сите делови на телото. Како резултат на тоа, клетките не добиваат доволно кислород и хранливи материи, што може да биде поттик за главоболки“, вели Шубина.
Второ, во топлината се потиме, губиме течности и важни минерали. Протокот на крв се зголемува и крвниот притисок се намалува, што предизвикува главоболки кај некои луѓе.
Што е мигрена и кои се нејзините причини?
Како да ја ублажите главоболката поради ненадејна промена на времето?
Големата температурна разлика помеѓу надворешниот воздух и онаа на затворените климатизирани простори е исто така потенцијален предизвикувач за главоболки.
Ако разликата е повеќе од пет степени, се препорачува да носите дополнителен слој облека за да ве загрее додека вашето тело не се аклиматизира на пониските температури.
Како да избегнете главоболка на топло?
1. Пијте доволно течности
2. Избегнувајте да бидете на затнат места
3. Носете лесни и светли материјали
4. Ако страдате од висок крвен притисок, не заборавајте да го земате лекот
5. Туширајте се со млака до поладна вода
6. Избегнувајте да бидете на отворено помеѓу 10 и 17 часот, кога сонцето е најсилно