Зошто е добро да се јаде лубеница?
Лубеницата, која содржи дури 92 отсто вода, е многу повеќе од обично летно разладување.
Исто така, лубеницата влегува во категоријата на алкални намирници, што е уште една од нејзините бројни предности по општото здравје.
Пет бенефити од лубеницата:
1. Го зајакнува срцето и помага при хипертензија
Лубеницата го зголемува нивото на калиум и магнезиум во организмот, со што го нормализира крвниот притисок, односно го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Овој зеленчук има силни против воспалителни својства, односно придонесува за здравјето и еластичноста на крвните садови.
Истражувањата покажаа дека лубеницата, го крева имунитетот кај лицата кои се изложени под стрес. Исто така, со консумација на оваа летна намирница, која го стимулира имуниот систем, ќе можете побргу да заздравувате после грип или некоја друга болест.
2. Го намалува ризикот од рак, дијабетес и Алцхајмерова болест
Благодарение на изобилството со витамини Ц и А, кои имаат силно антиоксидативно дејство, лубеницата е ваш партнер во борбата против ракот.
Ликопенот од лубеницата докажано го намалува ризикот од рак на простата, рак на дојката, рак на дебелото црево и други видови на рак.
Исто така, лубеницата е богата со една посебна аминокиселина, која е есенцијална за регулација на глукозата.
Благодарение на ова, лицата кои јадат лубеница, имаат посилен имунитет, односно помал ризик од дијабетес.
Одредени витамини, кои се присутни во лубеницата, исто така го намалуваат ризикот од појава на артритис и Алцхајмерова болест.
3. Топи килограми, односно ги штити зглобовите и мускулите
Ако сакате и ова лето да ја зачувате добрата линија, консумирајте лубеница во вид на смути, десерт или пак како салата.
Имено, покрај тоа што изобилува со вода и на тој начин одлично го освежува вашиот организам, лубеницата во количина од една шолја за кафе, содржи само 46 калории, што ја прави одличен избор за сите оние кои внимаваат на својата линија.
Одредени истражувања, покажаа дека лубеницата треба што почесто да ја јадат спортисти, бидејќи помага при болни мускули и истегнувања.
Благодарение на големата количина на витамин Ц, лубеницата го забрзува и заздравувањето на рани, односно го ублажува оштетувањето на зглобови, лигаменти и тетиви, на кои спортистите често се изложени.
4. Спречува појава на камења во бубрезите и гихт
Лубеницата го чисти целиот состав на урината. Овошјата и зеленчуците, кои како лубеницата, изобилуваат со калиум, имаат големо влијание врз детоксикацијата на организмот, па на тој начин го спречуваат собирањето на песок и појавата на камења во бубрезите.
Благодарение на елиминацијата на токсини, лубеницата го намалува и ризикот од создавање на гихт.
Бидејќи има голем процент на вода, лубеницата има позитивно влијание и врз варењето на храната, па помага и при пролив и подуеност на стомакот.
5. Помага во зачувување на видот.
Бета-каротен, состојка која ја содржи лубеницата, го штити вашиот вид. Имено, тоа е еден вид на витамин А, кој игра важна улога во спречувањето на појавата на макуларна дегенерација, која погодува се поголем број на постари лица и која на крај доведува до ослепување.