Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза

Арчи и Лилибет ќе ги добијат титулите принц и принцеза сега кога нивниот дедо Чарлс ќе стане крал


 

Англија– По смртта на кралицата Елизабета Втора многу се менува. Принцот Чарлс ќе стане крал, неговата сопруга Камила ќе ја носи титулата кралица сопруга, принцот Вилијам ќе стане принц од Велс, а Кетрин ќе стане принцеза од Велс.

Иако принцот Хари и Меган Маркл се откажаа од своите титули на Неговото и Нејзиното Височество кога се откажаа од нивните кралски должности во 2020 година, нивните деца – тригодишниот син Арчи Харисон и 15-месечната Лилибет Дијана – официјално имаат право да  ги користат титулите принц и принцеза.

Имено, нивниот дедо, кралот Чарлс III, се качил на тронот како наследник на кралицата, а нивниот татко напредувал во редот на наследување.

Уште во 2017 година, насоките поставени од прадедото на Хари, кралот Џорџ V, дозволија да им се даваат кралски титули на децата на синовите на монархот, односно на нивните внуци од машко потекло.

Правилото од 1917 година дополнително резервирало кралски титули, дури и пред смртта на кралицата, за децата на монархот и најстариот син на најстариот син на монархот, што во овој случај би значело синот на принцот Вилијам, принцот Џорџ.

Сите деца на Вилијам цело време ги имаа своите титули поради новите упатства донесени пред десет години. Во 2012 година, кралицата Елизабета Втора го промени правилото, така што сите деца на најстариот син на принцот од Велс (се мисли на децата на Вилијам) добиваат кралски титули пред нејзината смрт, дозволувајќи им на неговите помали деца да се нарекуваат принцеза Шарлот и принцот Луис.

Иако Арчи и Лилибет сега можат да користат кралски титули, прашање е дали тоа ќе се случи. За време на експлозивното интервју со Опра Винфри, Меган рече дека е повредена што на Арчи му ја одзеле титулата, што значи дека нема да има доволно добро осигурување.

Понатаму, Чарлс имал намера да го спречи Арчи да стане принц во 2021 година во обид да го ограничи бројот на клучни членови на кралското семејство. Но, за да го направи тоа, тој ќе мора да издаде протокол кој го менува правото на Арчи да биде принц и правото на Лилибета да биде принцеза.

Арчи по раѓањето требало да ја носи титулата Ерл од Дамбартон, но неговите родители не го сакале тоа бидејќи се плашеле дека другите деца ќе го задеваат поради тоа. По смртта на кралицата, Хари сега е петти во редот за тронот, додека Арчи и Лили се шести и седми соодветно.