Знак во окото може да открие опасна здравствена состојба!
Добро погледнете ги очите. Еден знак на нив го открива лошиот холестерол во организмот!
Брзиот начин на живот, недостатокот на физичка активност, движењето и многу нездрава исхрана доведуваат до зголемен холестерол. Намалувањето на лошиот холестерол го намалува и ризикот од срцев удар и мозочен удар.
Нивото на т.н Лошиот (ЛДЛ) холестерол може да се открие со тест на крвта, но дали знаевте дека може да се открие благодарение на вашето око. Според Британската асоцијација за исхрана и медицина на животниот стил, многу луѓе не се свесни дека дури и го имаат. Општата лекарка Рејчел Вард рече дека можете да го откриете присуството на холестерол во вашето тело со вашите очи.
„Ако имате бели или жолти испакнатини во близина на очните капаци или носот, тоа може да биде знак за висок холестерол“, изјави д-р Рејчел за The Sun, додавајќи дека состојбата е позната и како наслаги на ксантелазма. Исто така, овие скриени знаци обично се појавуваат само ако сте наследиле висок холестерол преку вашите гени.Инаку познато е како фамилијарна хиперхолестеролемија.Доколку забележите вакво нешто во вашите очи, треба да посетите лекар!
Други знаци кои можат да го откријат лошиот холестерол се:
– силни болки во нозете при одење кои исчезнуваат за време на одмор
– губење на влакната на нозете и стапалата
– вкочанетост или слабост во нозете
– отворени рани на стапалата и нозете кои не зараснуваат
– бојата на кожата на нозете станува побледа од вообичаеното или сина
– еректилна дисфункција кај мажите
Според експертите, можете да го регулирате нивото на лошиот холестерол, но и да го спречите со здрава исхрана која содржи ниско ниво на масна храна, заситените масти да ги замените со овошје, зеленчук и житарки од цели зрна, да престанете да пушите и редовно да вежбате.