Знаете ли каде всушност се наоѓа Тунгузија?


Вообичаен  начин да се опише некое далечно, затскриено место е да се каже дека тоа е „во Тунгузија“. Сепак, многу луѓе немаат поим каде е Тунгузија.

На страницата на Инстаграм Geoinst беше споделена мапа на регионот Евенкија, на многумина познат како Тунгузија. Се наоѓа во североисточниот дел на регионот Краснојарск во Русија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GEOINSTA (@geografija_insta)

Овој регион, чие име често се споменува во секојдневниот говор на Балканот, е познат по експлозијата што се случила во 1908 година.

Експлозијата Тунгуска од 1908 година е името на необјаснетата експлозија што се случила во Русија, во Сибир, во близина на реката Тунгуска. Настанот се нарекува и Големата сибирска експлозија. Се претпоставува дека астероид паднал и изгорел над областа.

Поради експлозијата се уништени и изгорени дрвја во радиус од 30 километри, а прозорците во градот Ванавара, оддалечен 65 километри, испукале. Се проценува дека настанот зафатил површина од 2.000 квадратни километри и уништил 60 милиони дрвја.

Потоа, во 2019 година во овој регион падна метеорит, кој се најде на насловните страници на светските медиуми. Парчето е пронајдено во реката Подкаменаја Тунгуска во близина на селото Учами во регионот Краснојарск.