Калтрина е спремна за бурлеска: Златко Јовановски ги има најубавите празнични сценски креации


Дизајнерот Златко Јовановски, со ателјеа во Скопје и во Тетово, 2021 ја започнува грандиозно и креативно, со неколку сценски креации инспирирани од бурлеската, односно од настапите кои се случувале во кабареата . Сите екстравагантни креации се рачно везени, заедно со гламурот, заштитниот знак на неговиот бренд “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” со кој е познат и во Холивуд. Моделите се надополнети и со соодветни модни додатоци кои ја надополнуваат магијата на приказната.

Фотосесијата беше снимена во хотел „Парк“ во Скопје. Зоран Шурбевски беше задолжен за шминката, Бојан Стоилковски беше зад објективот, а пред објективот прекрасната Калтрина позираше со нејзините три бога, односно манекените, Стефан Стојановски, Гоце Маротов и Стефан Стефановски,кои што носеа на глава дијадеми инспирирани од грчката митологија.

-Се надевам дека оваа година ќе ни започне вака грандиозно и дека последиците од  минатата година ќе ги заборавиме и ќе ја пребродиме оваа нова 2021, пред се со одлично здравје. Среќна нова година драги пријатели, верувајте во себе и борете се за себе!, ни изјави Јовановски.