Зимската Бела куќа на Кенеди во Палм Бич продадена за 70 милиони долари


САД– Летната куќа за одмор на Џон Кенеди и Џеки наречена како „Зимската Бела куќа“, во Палм Бич, со поглед на океанот, е продаденa за 70 милиони долари. Импресивниот дом во медитерански стил за прв пат бил купен во 1940-тите години од Џозеф П. Кенеди , таткото на претседателот Кенеди и останал во семејството до 1995 година. Откако сменил неколку сопственици низ годините, вилата сега е во сопственост на адвокатот  Маура Зиска.

Вилата од 15,347 метри квадрати е повеќе од летен дом кој го топлеше семејството за време на зимските месеци во Вашингтон. Во оваа куќа Џон Кенеди престојувал додека го формирал својот кабинет и се подготвувал за инагурацискиот говор. ЏФК исто така помина една од последните ноќи во Зимската Бела куќа пред да биде убиен во Далас.

Изградена во 1925 година и дизајнирана од познатиот архитект Адисон Мизер, домот има 11 спални соби, 12 купатила и три полу бањи, и со години се реновирал многу пати. Една од најзначајните реновирање беше нарачана од последниот сопственик  Голдман, кој работеше со Ендру Шејнман од „Пембрук и Ајвс“ за да го задржи оригиналниот шарм на домот, зашто во тоа време бил во многу лоша состојба.

Покрај напорите за зачувување, направени се поголеми промени, вклучително и додавање на ново тениско игралиште, поголем базен и инфузија на ентериерите со модерни ажурирања, правење класичен-сепак современ простор. Домот е најскапиот имот годинава продаден во Палм Бич.