Животот на Ракел Велч низ фотографии
САД– Уште една холивудска легенда ја напушти сцената, почина секс симболот од 70-те, Ракел Велч. Актерката која што светот ја запамети по улогата во One Million Years B.C, остави многу незаборавни улоги зад себе.
Ракел покрај филмска, беше и театарска и телевизиска ѕвезда, а една од поголемите улоги е нејзиното прво филмско остварување во научно-фантастичниот филм Fantastic Voyage.
Нејзината плодна 50 годишната кариера вклучува 30 филмови, 50 телевизиски серии и останати ТВ ангажмани. Ракел доби Златен Глобус во 1975 за улогата во The Three Musketeers, а при крајот на кариерата се фокусираше на својата линија на перики.
Актерката беше мајка на две деца синот Дејмон и ќерката Тани. Зад себе имаше четири брака.
Еве ја историјата на оваа филмска дива низ фотографии, која покрај нејзиниот статус како секс симбол и пин-ап девојка, позираше и за „Плејбој“, себе си не се доживуваше така.











