Зендаја ја прими наградата „Модна икона“ од американските дизајнери

САД- Актерката Зендаја (25) синоќа на гала свечаност во култниот ресторан „Грил“ во Њујорк ја прими наградата „Модна икона“ што ја доделува Советот на американските дизајнери на чело со том Форд . Воедно, таа е најмладата ѕвезда што некогаш ја примила наградата. Наградата ја прими во дводелна тоалета од високата мода на Вера Ванг, горен дел како бра и здолниште во вид на меур во горниот дел. За да го комплетира изгледот, актерката беше украсена со повеќе од 60 карати дијаманти на Булгари, вклучувајќи блескав ѓердан, нараквица и слоевити прстени.
Откако ја објави веста минатиот месец, Советот за модни дизајнери на Америка на Инстаграм објасни дека „патувањето на Зендаја од суперѕвезда до модната икона се случило со суперсонична брзина“.
Нивниот избор воопшто не е за изненадување, бидејќи откако пред неколку години се појави на црвениот килим во креација на Вивиен Вествуд, па во Том Форд, продолжија да се редат нејзините модни успеси. Важи за една од најдобро облечените, а тоа го потврдува и последниов месец, промовирајќи го филмот „Dune“ со Тимоти Шаламе.
Стилист на Зендаја е познатиот Ло Роах, кој успеа од неа да создаде вистинска модна икона.
Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, Принс, Дејвид Боуви, Фарел Вилијамс се дел од ѕвездите кои го добија ова престижно признание.
Годинашново доделување на наградите после две години се одржува во живо.
На церемонијата беше наградена и Ања Тејлор Џој, за Лице на годината, нововостановена награда. После „Queen’s Gambit“, младата актерка ниже филмски успеси, но и модни.