Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Романија


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија.

Земјотресот е регистриран на околу 80 километри од Брашов, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој првично изјави дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Епицентарот бил на длабочина од 80 километри.

Засега нема информации за можна штета.