Земјотрес од 7,2 степени кај Ушуаја, Аргентина – предупредување за цунами

Апликацијата за следење на земјотреси на EMSC издаде предупредување за цунами кратко по 15 часот, во петокот. Имено, по земјотресот со јачина од 7,2 степени што го погоди градот Ушуаја во Аргентина, граѓаните сега се соочуваат со нова опасност.
„Држете се подалеку од брегот и одете на повисоки места. Следете ги упатствата на властите“, се вели во предупредувањето.
Предупредување за опасни бранови, според пораката на американскиот систем за предупредување од цунами, е на сила за крајбрежната област во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот – вклучувајќи ги јужна Аргентина и Чиле.
7.5 magnitude #earthquake hits #Ushuaia own of Argentina :USGS
For the latest news and updates, visit: https://t.co/by4FF5oyu4 pic.twitter.com/2UN283MmUE
— NDTV Profit (@NDTVProfitIndia) May 2, 2025