Земјотрес од 7 степени во близина на Калифорнија, издадено предупредување за цунами
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди морската област во близина на северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители, а најголем град во областа е Санта Роса, каде живеат околу 180.000 луѓе.
Нема информации за материјални штети.
На жителите од Санта Круз им стигнале пораки за предупредување од цунами, со препораки да се тргнат подалеку од брегот, и да чекаат одобрение од властите дека е безбедно да се вратат назад.