Земјотрес од 6,5 степени  го погоди Мексико, го прекина обраќањето на претседателката 


Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди јужно и централно Мексико, прекинувајќи ја првата прес-конференција на претседателката Клаудија Шајнбаум за оваа година.

Конференцијата беше прекината откако се огласија сеизмички аларми.

Според мексиканската Национална сеизмолошка агенција, земјотресот имал прелиминарна јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на градот Сан Маркос во јужната држава Гереро, во близина на тихоокеанскиот одморалиште Акапулко.

Засега нема извештаи за штети или потенцијални жртви.