Земјотрес кај Зеница во БиХ, голем број граѓани излегоа на улица
Земјотрес ја погоди територијата на Босна и Херцеговина, а почувствуван е во многу градови.
ЕМСЦ, прво јави за земјотрес од 5,4 степени според Рихтер, но подоцна намали на 4,7. Сепак, бројни сведоштва на оваа страница од граѓаните од речиси половина Босна и Славонија во Хрватска, велат дека го почувствувале тресењето и излегле надвор.
Тресењето на земјата го почувствуваа и граѓаните на Сараево, но и Зеница, Купрес, Тузла, Градачац и многу други градови.
Според првите информации од веб-страницата ЕМСЦ, јачината на земјотресот е 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Исто така, според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Зеница на длабочина од девет километри.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 16 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/NiBF1ij7vH— EMSC (@LastQuake) December 30, 2023
Бројни граѓани на Зеница вечерва излегоа на улиците по силниот земјотрес што беше регистриран на десет километри северозападно од овој град во Босна и Херцеговина.
Засега нема информации за поголеми материјални штети на објекти, но граѓаните беа многу вознемирени од вечерашниот земјотрес.

Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил најблиску до областа Немила, а на ова подрачје биле испратени бројни полициски патроли.
Она што е познато е дека на главниот пат во оваа делница имало свлечиште, но нема информации дали одронот е предизвикан од земјотрес.