Зеленски за средбата Трамп – Путин: Русите само купуваат време


Пред самитот САД – Русија за Украина, во петок, во Алјаска, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека само купува време, јави ДПА.

„Разговарав со канадскиот премиер, @MarkJCarney. Благодарен сум за поддршката на Канада за Украина и нашиот народ“, напиша Зеленски на X. „Го споделив ставот на Украина за вистинските намери и планови на Русија. Ние гледаме на ист начин и очигледно е дека Русите едноставно сакаат да купат време, а не да ја завршат војната.“

„Ситуацијата на бојното поле и злобните руски напади врз цивилната инфраструктура и обичните луѓе јасно го докажуваат ова“, додаде украинскиот претседател, пренесе германската агенција.

„Се согласивме дека никакви одлуки во врска со иднината на Украина и безбедноста на нашиот народ не можат да се донесат без учество на Украина. Исто како што не можат да има одлуки без јасни безбедносни гаранции. Додека ова не се постигне, санкциите против Русија мора да останат на сила и постојано да се зајакнуваат.“

Во разговорот со литванскиот претседател Гитанас Науседа, Зеленски извести дека двете страни се согласиле дека прво мора да има прекин на огнот пред да може да започне потрагата по дипломатско решение за завршување на војната.

„Споделуваме ист став: прво, мора да има прекин на огнот, а потоа потрага по дипломатско решение што ќе овозможи завршување на војната со праведен и траен мир, рече украинскиот претседател .“

„Без јасни безбедносни гаранции, сите други аранжмани само би ѝ дале можност на Русија да ги врати своите сили“, додаде тој.

Зеленски и на овој разговор уште еднаш нагласил дека никаква одлука за иднината на земјата и безбедноста на Украинците не може да се донесе без учеството на Украина.