Здравствен работник од друга болница во Тетово загина во пожарот


Меѓу загинатите во вчерашниот пожар во тетовската модуларна болница е и доктор Ферди Шаќири, пренесува „Тетова експрес“. Веста ја потврдија и од ПЗУ „Бамикор Медика“ на својата Фејсбук страница кои објавија дека нивниот здравствен работник Ферди Шакири го загубил животот во синоќешниот пожар.

-Со длакока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 8.9.2021 трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгодогишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, сопруг и татко. Изразувавме длабоко сочуство до семејството, напишаа од „Бамикор Медика“.

Починатиот лекар неодамна го победи ковид-19, но не е познато во кое својство доктор Шаќири синоќа бил во монтажната болница.