Затворена интернет-страница за изработка на бомби


Германската полиција денеска соопшти дека во соработка со полицијата на Литванија и на Хрватска затвориле интернет-страницата, која содржела упатства за изработка на бомби.

Полицијата од Гетинген соопшти дека 1.000 полицајци биле вклучени во претресите во трите земји и дека 22 лица се осомничени дека имаат врски со „xplosives.net“.

Властите го заплениле серверот на страницата и бројните уреди за чување податоци.

На интернет-страницата имало и информации за тоа како да се направи оружје и експлозиви, покрај упатствата за правење бомби.

За време на претресот, запленета е одредена количина експлозив и дрога.