Застрашувачка сцена од Чиле: Кит за момент проголта и плукна млад човек
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/kit-kajak.jpg)
Грбав кит за момент го проголта 24-годишниот кајакар Адријан Симанкас во саботата, на 8 февруари, во ледените води на најјужниот регион на Чиле, Патагонија, во теснецот Магелан.
Тоа се случило кога Адријан бил на излет со својот татко Дел, кој го снимил застрашувачкиот момент кога кит го исплукал Адријан многу брзо откако го проголтал. На видеото се слуша како Дел гласно му кажува на својот син да го фати кајакот откако китот го исплукал. Адријан потоа доплива до кајакот на неговиот татко.
„Мислев дека ќе ме проголта цел“, рекол Адријан во споменатото видео.
Тој за Си-ен-ен раскажа како се чувствувал кога китот накратко го проголтал.
„Кога се свртев, почувствував нешто лигаво на моето лице. Видов нешто темно сино, бело како доаѓа кон мене и ме потопи. Во тој момент помислив дека не можам ништо да направам, дека ќе умрам. Не знаев што е тоа”, се присетил Адријан.
Потоа почувствувал како китот го влече и, како што самиот рекол, две секунди подоцна бил на површината на водата. Дури тогаш сфатил што се случило. Неговиот татко Дел рече дека ја снимил застрашувачката сцена кога забележал „прекрасни бранови кои изгледале возбудливо“.
Адријан и Дел тврдат дека ќе се вратат на кајак и покрај тоа што го поминале.
Научникот за диви животни, Ванеса Пирота, рече дека китот најверојатно се хранел со крил или риба во тоа време и кајакарот му се се испречил на патот.
„Се случи да биде многу блиску до кит што се хранеше. Не беше проголтан. Овие животни немаат плен со човечка големина. Тие го немаат она што е потребно за да проголтаат човек“, истакна таа, истакнувајќи дека имаат тесен хранопроводник и немаат заби.
Протокот Магелан е популарна туристичка дестинација. Возењето кајак со делфини и китови е една од активностите објавени на веб-страницата за туризам на владата.
Грбавите китови живеат насекаде низ светот и често се активни на морските површини, јавува Си-ен-ен.