(Видео) Запалени автомобили на бугарската амбасада во Скопје
Непознато лице денеска запалило автомобили кај бугарската амбасада во центарот на Скопјe.
Според првичните информации, напаѓачот го залил и запалил автомобил „Сузуки витара“, по што пожарот се проширил на втор автомобил паркиран во близина.
По инцидентот, сторителот избегал и полицијата го бара. Просторот пред дипломатската мисија е блокиран. Засега нема дополнителни детали.
Министерството за надворешни работи на Македонија најостро го осуди инцидентот со опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Министерството информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот“, се додава во реакцијата.