Западот си даде автогол, Авганистан пред хуманитарна катастрофа
Авганистан се соочува со „катастрофална“ хуманитарна состојба, доколку не се преземат мерки за да се спречи колапс на земјата пред напредокот на талибанците, предупреди претседателот на Комитетот за одбрана на Велика Британија.
Пратеникот од ториевците, Тобијас Елвуд, за Радио Тајмс изјави: „Ова е целосно понижувачки за Западот. Го составивме најневеројатниот, технолошки напреден сојуз што светот го видел и ние сме поразени од бунт вооружен со АК47 и РПГ.
„Ова ќе биде најголемиот автогол постигнат од Западот досега во овој век“.

Портпарол на талибанците изјави дека милитантите „чекаат мирен трансфер на градот Кабул“ откако влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.
Сухаил Шахин даде изјава за Ал-Џезира, откако авганистанските власти соопштија дека талибанците се во областите Калакан, Карабаг и Пагман во главниот град.
Во изјава за телевизијата Толо њуз, авганистанскиот минисетр за внатрешни работи нагласи дека талибанците нема да го нападнат Кабул и дека предавањето на власта ќе биде мирно.