Загина неродено дете во Газа
Брачна двојка и нивната неродена ќерка се меѓу загинатите во нападот на грчката православна црква, Св. Порфириј во Газа, пренесуваат светските медиуми.
Во нападот настрадаа 18 луѓе, од кои осум се деца. Во црквата од нападите на Израел засолниште најдоа околу 400 лица, претежно палестински христијани.
Израелската војска негираше дека го извршила нападот, но, Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди, како што го опиша, „израелското бомбардирање кое целеше на една од нејзините црковни згради во градот Газа“.
Според последните подаѕтоци од бомбардирањата на Израел во Газа досега загинале 1.756 деца, но податоците се неофицијални.