Загина извршниот директор на „Ауди“ во Италија, паднал од 3000 метри при искачување на врвот на Адамело


Извршниот директор на „Ауди“, кој бил страствен планинар, паднал на повеќе од 3.000 метри вчера во смртоносна несреќа на само неколку километри од италијанско-швајцарската граница, според извештаите.

Фабрицио Лонго (62), кој раководи со операциите на компанијата за луксузни автомобили во Италија, се искачувал на врвот на Адамело во северна Италија кога паднал во близина на врвот, објавија неколку европски медиуми.

Спасувачките екипи излегле на местото на настанот откако друг алпинист бил сведок на несреќата и повикал помош. Хеликоптерски тим го пронашол телото на Лонг на околу 200 метри во внатрешноста на клисурата. Констатирана е смрт на лице место. Неговото тело било пренесено во блискиот италијански град Карисоло.

Лонго е на чело на „Ауди“ во Италија од 2013 година. Во 1987 година ја започна својата кариера во автомобилската индустрија во италијанскиот производител на автомобили Фиат, каде што работеше во маркетинг.

Петнаесет години подоцна му се придружил на ривалскиот италијански производител на автомобили, Ланчиа. Лонго беше добро познат во заедницата за зимски спортови.

Меѓународната федерација за скијање и сноуборд објави соопштение во кое жали за неговата смрт. Флавио Рода, шеф на федерацијата, ја нарече смртта на Лонго „ужасна загуба за федерацијата која со години работеше плодно со Лонго“.

„Фабрицио Лонго го води брендот Audi во Италија со голем успех од 2013 година, потврдувајќи го лидерството на брендот во премиум сегментот 11 последователни години. Лонго е личност со голем интегритет, култура, способност и чувствителност. Тој беше извор на непоколеблива поддршка. Неговите силни вредности и вистинската грижа за секој од нив создадоа работно место исполнето со топлина и почит – изјави портпаролот на „Ауди“ за „Њујорк пост“.