Заев во џемпер: Од елегантен во кежуал стил
Премиерот Заев на кого сме навикнале во јавноста исклучиво да го гледаме во костум и во кошула, со вратоврска или без вратоврска- облече џемпер и ја зачуди јавноста. Пригодата беше вонредните локални избори во Штип. Имиџот имаше и друга промена. Очилата со црна рамка.
Премиерот и лидер на СДСМ досега не сме го виделе во лежерна варијанта, во џемпер, ниту пак во фармерки и ролка. Го почитува дрес-кодот на високите функционери со изборот на костумите, не прави протоколарни утки, ниту пак сме го забележале да носи иста комбинација во текот на целиот ден.
Топлиот зимски џемпер е очигледно најава за празничната сезона, во кругот на семејството. Празници се ближат.