Заев и Мицкоски се согласија за едно – веќе не треба да има Пржинска влада

Во вечерашниот  дуел на ТВ24 лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се согласија барем во една работа: дека после овие избори не треба веќе да постои моделот на Пржинската влада.

Одговарајќи на прашањето на водителот Младен Чадиковски, што понатаму во политичкото функционирање откако сегашнава техничка влада се покажа дисфункционална, Заев беше резолутен изјавувајќи:

„Пржинска влада не треба веќе да постои. И тоа треба да се каже сега, пред изборите, кога не се знаат резултатите од нив“.

Откако малку одолговлекуваше и Мицкоски го кажа својот став:

„Апсолутно немам ников проблем да нема Пржинска влада“.