Заборавете на мајсторите! Сами отпушете го одводот од мијалникот за помалку од 20 минути
Заборавете на мајсторите и на парите што сте ги платиле кога ви е запушен одводот на мијалникот. Лесно ослободете се од мака со едноставен трик што го користат многу водоинсталатери. Потребна ви е една алатка која секоја домаќинка ја има дома, а тоа е детергент за садови. Тој ги решава сите ваши проблеми и тоа многу брзо.
Детергентот за миење садови ги раствора маснотиите и нечистотијата, така што може да го отпушти секој одвод. За да го направите ова, истурете половина шише детергент за миење садови во одводот и оставете го да отстои околу 10 минути. Затворете го одводот и наполнете го мијалникот со топла вода. Потоа отстранете го капачето и почекајте целата вода да се исцеди. После тоа, оставете ја топлата вода неколку минути и одводот ќе се отпушти.Овој трик можете да го повторувате од време на време.