„За сите посебни дами во вашиот живот“ – Осмомартовски базар во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“.

Билјана Тодороска – BRILLOЈulie DecoupageEsoaperyЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joyFiligree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral JewelryMorpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUETБлумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… се дваесетина „артизанс“, индивидуалци – уметници, кои ќе ги претстават своите најнови уникатни колекции на рачно изработени производи, кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената.

Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.

Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото ќе се претстават и светски познатите брендовиPhilips personal care & Нептун, Хај Стор со брендот DysonSolisSilverKeyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.

Петдневниот базар ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.