За што служи огледалото во лифтот?


Чекањето да стигнеме до катот што го сакаме понекогаш е заморно, па генијалните луѓе смислиле начин да го направат поподносливо.

Огледалата се наоѓаат во речиси секој лифт.

Обично, луѓето ја средуваат косата, се шминкаат или ги местат јаките на палтото, особено ако некој набрзина излегол од дома.

Но, тоа не е главната и единствена причина зошто се поставуваат огледала. Имено, тоа е психолошки трик кој ви го одвлекува вниманието од чекањето, а сепак одговара на вашата суета.

Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе губат чувство за времето доколку нешто ги забавува, а гледањето во огледало е активност која секако го окупира вниманието, без разлика колку поединецот е нарцисоиден.
Лифтот е тесен простор, широк метар квадратен или малку повеќе. Луѓето кои страдаат од анксиозност или клаустрофобија може да се плашат да бидат во толку затворен простор, дури и за само неколку секунди.

Присуството на огледало создава илузија на поголем простор отколку што всушност е и ја намалува непријатноста.

Доколку сите ѕидови на лифтот се покриени со огледала, ефектот ќе биде уште поголем.

Освен што дава илузија за повеќе простор, огледалото им дава на луѓето чувство на сигурност во лифтот.

Често се случува да влезете во лифт со непознати луѓе, а тоа може да биде и причина за загриженост.

Со присуство на едно или повеќе огледала, можно е да „проверите“ што прават другите луѓе во лифтот и да се заштитите од несакан физички контакт, џебни кражби и кражби.