За прв пат по 200 години муслиманите не се мнозинство во Албанија
Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) ги презентира главните податоци од Пописот на населението и домаќинствата 2023 година во Албанија, каде што може да се види дека постојаното население во земјата е околу 2,4 милиони жители, со намалување за 420 илјади луѓе во споредба со пописот 2011 година, пишува Слободна Босна.
На конференцијата организирана во просториите на Театарот за опера и балет во Тирана, генералниот директор на ИНСТАТ Елса Дули изјави дека пописот на населението во 2023 година донесе многу новини, како што се употребата на информатичката технологија во собирањето податоци, дигитализацијата на геопросторниот систем и мониторинг на напредокот и квалитетот на собирањето податоци во реално време.
„Овој попис процени дека на територијата на Албанија живеат 2.402.113 жители, кои сочинуваат 755.950 семејства, со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 обични станови. Овој попис ја постигна целта за која беше спроведен, оправдан со долгорочни инвестиции и финансиска поддршка“, рече Дули.
Првиот попис на населението на независната држава Албанија е спроведен во 1923 година, кога имало 823 илјади жители. Својот историски максимум Албанија го имаше во 1989 година, кога беа попишани 3 милиони и 182 илјади жители, што е за 23 отсто повеќе од претходниот попис во 1979 година.
Етничка припадност
Таа нагласи дека во последните три децении се случиле значајни промени во демографијата на Албанија. Споредено со последниот попис од 2011 година, во Албанија има 409.864 жители помалку. Според тоа, бројот на жители е намален за 16 отсто од 2011 година. Во претходниот пописен период од 2001 до 2011 година, бројот на жители е намален за 8 проценти.
Според податоците од пописот, 50,4 отсто од населението се жени, а 49,6 отсто мажи, додека просечната возраст во Албанија била 42,5 години.
Населението по етничка припадност е: 2.186.917 Албанци, 23.485 Грци, 2.281 Македонци, 2.459 Ерменци, 9.813 Роми, 12.375 Египќани, 2.963 Бошњаци, 584 Срби, 7.057 мешани 79 Бугари, 70 други групи 142 без припадност, 13.507 луѓе не сакаат да одговорат, додека податоци за националноста не се достапни за 134.451 жител.
Религиозна припадност
Во однос на религијата, 1.101.718 жители се изјасниле како бекташи, 201.530 како католички христијани, 173.645 како евангелисти (протестанти), 3.670 како неквалификувани верници или верници без религија, 85.311 како атеисти не одговориле на прашањето за верата, по што може да се заклучи дека Албанија повеќе не е земја со муслиманско мнозинство, за прв пат откако е следено и пребројано верското декларирање на населението.
Бројот на сунитските муслимани паднало од 56,7 отсто (1,58 милиони) на 45,7 отсто (1,1 милион), односно за 11 отсто во споредба со претходниот попис од 2011 година.
Бројот на бекташи, кои исто така се муслимани, но ја практикуваат својата вера на малку поинаков начин, значително е зголемен во споредба со пописот од 2011 година. Сега има 115,6 илјади бекташи, додека во 2011 година имало 2,1 отсто или 58,6 илјади.
Денеска во Албанија живеат 201,5 илјади католици, додека во 2011 година имало 281 илјади или 10 отсто. Православните доживеале благ пад – од 189.000 во 2011 година на 173.000 оваа година.
Регионално население
Приближно една третина од албанското население (31,6 отсто) живее во областа Тирана. Вториот округ со најголем процент на население е Фиер со околу 10 отсто, а потоа следи округот Елбасан со 9,7 отсто од резидентното население во Албанија, 99,4 отсто имаат албанско државјанство, додека остатокот од 0,6 отсто се лица со странско државјанство или без државјанство.
Пописот на населението и домувањето 2023 година е организиран од Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) од 18 септември до 15 ноември 2023 година. Целта на пописот била да обезбеди податоци за постојаното население во Албанија, демографски, социјални и економски, податоци потребни за проценка на динамиката на населението, демографските промени на населението, како и податоци за карактеристиките на домувањето.