За израелски министер изгладувањето на цивилите во Газа може да биде „оправдано и морално“
ЕУ, Велика Британија и Франција ја повикаа владата на Израел да се огради од коментарите на нејзиниот министер за финансии, Безалел Смотрич дека е „оправдано и морално“ да се изгладнуваат луѓето во Газа.
Изјавата на Смотрич, кој буквално рече дека „никој во светот нема да дозволи да изгладнеме два милиони луѓе, иако тоа може да биде оправдано и морално за да се ослободат заложниците“, предизвика меѓународен гнев.Во својот говор оваа недела, тој додаде дека Израел „донесува хуманитарна помош бидејќи нема избор. Ние сме во ситуација која бара меѓународен легитимитет за да се води оваа војна“.
ЕУ соопшти дека намерното изгладнување на цивили е „воено злосторство“ и дека очекува израелската влада „недвосмислено да се дистанцира“ од зборовите на екстремно десничарскиот министер.
Франција, исто така, го критикуваше Смотрич, велејќи дека обезбедувањето хуманитарна помош за жителите на Газа е „обврска според меѓународното хуманитарно право“ за Израел бидејќи го контролира целиот пристап до територијата. Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами ја повика „пошироката израелска влада да ги повлече и осуди“ забелешките.
Оваа скандалозна изјава за министер дојде по барањето на САД Израел да ги истражи наводите документирани со видео дека израелски војници силувале палестински затвореници, што го нарекоа „ужасно“.