За готвачи плата до 3.000, за келнери до 1.500 евра: Јадранот плаче по работници, но и овие европски земји

Летната сезона е се поблиску, а недостиг на работна сила имаат голем број земји. Само на Јадранот недостасуваат околу 60.000 работници, во Италија 50.000, а во Германија речиси 100.000


Потрагата по сезонска работна сила е повеќе од значајна во Црна Гора и Хрватска, а целиот Медитеран оваа година, како што се проценува, може да биде во неволја, како поради односот помеѓу понудата и побарувачката, така и поради високите плати кои се проблем за работодавците .

Според проценките на туристичкиот сектор, само во Хрватска ќе има недостиг од околу 60.000 сезонски туристи. А според Вечерњи лист платите никогаш не биле повисоки. На готвачите им се нудат од 2.500 до 3.000 евра, а на келнерите од 1.200 до 1.500 евра месечно.

Најголем број работници главно доаѓаат од Индија, како и од земјите од поранешна Југославија.

Недостигот од сезонски работници е видлив и во Европа, пренесува Блиц.

Проблем како да се пополнат сезонските работни места имаат и Германија, Хрватска, Италија, Австрија, бидејќи сезоната годинава е без ограничувања. Потрагата по работници ја покажуваат рекордните бројки и големиот број огласи за вработување.

Најбарани сезонски работници во Европа се продавачи, келнери, готвачи, собарки…

Сезонските сајтови за работа годинава покажаа дека заинтересираните може да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување, па се забележани повеќе од 200.000 посети, како и над 1.200.000 прегледи на страници, како и повеќе од 7.200 апликации за огласени позиции, пишува Нов лист.

Не е само Хрватска која има голем недостиг од сезонска работна сила. Германија годинава бара околу 50.000 странски работници, Австрија околу 40.000… Сигурно е дека овие земји се голема конкуренција во привлекување работници, што покажува и податокот дека регионалниот фонд на работна сила, кој ги опфаќа Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, веќе практично е испразнет и сè потешко е да се најдат работници од овие земји.

На Италија и се потребни 50.000 работници

Во Италија за време на Велигден и пролетта годинава поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи имаше недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.

Минатата година во Италија имаше 400 милиони ноќевања на домашни и странски туристи, а годинава се очекува поволниот тренд да продолжи и покрај недостигот на туристички работници, соопшти АНСА.

Тешкотиите во наоѓањето кадар во Италија беа забележани со години пред пандемијата на корона, но сега тие стануваат посериозни со рестартирањето на туризмот, особено во областа на Ромања, Сицилија и Сардинија.

Претставници на здружението на туристички работници во наредните недели ќе презентираат конкретни регулаторни предлози до министерката за туризам и министерката за труд, објави италијанската агенција, пренесе Блиц.

На Виена и требаат 55.000 работници

Само на виенските компании ќе им требаат 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години. Резултатот од анализата на потребниот образовен кадар покажа дека побарувачката го опфаќа целиот образовен кадар: од занаетчии, преку високо квалификувани, до технички и други факултети.

Истражувачкиот институт „Макам Рисрч“ испитал 925 виенски компании, кои вработуваат 80.000 луѓе. Речиси една петтина од бараните квалификувани работници поврзани со некој вид занает.

Истовремено, на почетокот на новата година виенските компании вработиле 20 отсто повеќе практиканти во однос на претходната година. Побарувачката за дипломирани студенти на техничките факултети и универзитети, останува висока.

– Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за стопанството. Побарувачката порасна уште повеќе. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостигот од квалификувана работна сила – изјави Валтер Рук, претседател на Стопанската комора на Виена.

На Германија и недостасуваат над 100.000 работници

Германија веќе некое време се бори со голем дефицит кога е во прашање работната сила. На најсилната економија во Европа и недостигаат над 100.000 работници, а судејќи според новиот закон, таа бројка ќе се зголеми за околу 60.000 нови позиции поврзани со поставување на греење. Ова уште еднаш ја потврдува популарноста на занаетчиските работи во европските земји, со кои главно се занимаваат нашите луѓе поради добрата заработка, пренесува Блиц.

Поттик за потенцијалниот прилив на десетици илјади работници е нацрт-законот одобрен од германската влада, кој се однесува на нов систем за греење планиран за 2024 година. Имено, новите системи за греење, кои се поставуваат во нови и стари згради, мора да користат 65 проценти од енергијата од обновливи извори. Крајната цел е да се намали зависноста од фосилни горива. Тие можат да се заменат со употреба на топлински пумпи, потоа системи за централно греење или оние што користат сончева енергија.

Колкави се платите на работниците 

Мал е процентот на оние кои ја напуштаат својата земја и заминуваат да работат во својата професија. Голем број случаи се преквалификуваат за професии кои се актуелни на пазарот на труд и кои добро се исплаќаат.

Така, еден водоводџија може да заработи од 2.317 до 4.524 евра, а столар во просек од 1.576 до дури 5.339 евра.

Платата на автомеханичари и автоелектричари се движи од 2.019 до над 5.000 евра. Пекар може да заработи и до 4.000 евра месечно. Фризерската професија се плаќа минимум 1.576 евра, а заработката може да порасне и до 3.240 евра. Чистењето на собите чини од 1.500 до 2.849 евра.

Што се однесува до угостителството, келнерите имаат приходи од 1.653 до 3.738 евра, а готвачите до 6.579 евра. Рецепционерите се платени од 1.800 до 3.456 евра, а хотелските менаџери заработуваат од 2.120 до речиси 10.000 евра!

Дадилките можат да заработат од 1.500 до 4.168 евра, а оптимумот за медицинските техничари е од 1.612 до 4.531 евро. Доколку сакате да бидете „супервизор во кол центар“ ќе заработите од 3.085 до 5.564 евра.

Бонусите често се нагласени при аплицирање на огласот, а често се подразбираат  и не се вклучени во оваа пресметка за плаќање, пишува Блиц.