Вучиќ за Резолуцијата за Сребреница: Македонците се наши браќа, иако нивните одлуки не се фер кон Србија
Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа порачал дека нема елемент на наука кога станува збор за донесувањето на Резолуцијата за Сребреница и дека нема да ја добијат правдата од оние кои ја бараат. Тој во гостување на државната „РТС“ најавил дека следниот период ќе биде тежок за Србија.
„Напредуваме и се обидуваме да ја зајакнеме нашата позиција во светот. Покрај тоа што работиме на европскиот пат, од клучно значење е да одржуваме пријателски и најблиски можни односи со нашите пријатели на Исток, но и во Африка и Латинска Америка. Карипските земји, Пацификот, насекаде“, додал српскиот претседател.
Вучиќ додал дека гласањето за Резолуцијата за Сребреница е многу важно, а можеби и најважно од сите. Зборувајќи за тоа како ќе гласаат земјите од регионот, Вучиќ рекол дека „Македонците се наши браќа и пријатели, иако тие се едни од коспонзорите на резолуцијата“.
-Кога ја водите државата и знаете дека имате братски народ, не смеете да бидете циник, туку морате да продолжите да работите на најдобар начин. Македонците се наши браќа и пријатели, но друга работа е како тоа кај нив функционира. Што да кажам за Црна Гора…едно Мексико да биде „воздржано“ или Никарагва „против“, а Црна Гора да биде „за“. Или Кина да биде „против“, а Црна Гора „за“. Но, тоа ви кажува колку се менува поредокот во светот, изјавил Вучиќ.
-Кога немате доволно сила на меѓународната арена, тогаш треба да се справите со тоа. Но, дали би сакале да се изживуваме кон Црна Гора и Северна Македонија? Тоа навистина не би имало смисла. Мислам дека е пофер и искрено, како човек и во име на Србија да излезам и да им кажам што мислам на оние кои навистина стојат зад ова, потенцирал Вучиќ.
Посочил дека најголеми виновници се оние кои ја започнале целата работа.
-Виновни ми се Подгорица и Скопје, а не тие што го направија тоа – би бил лицемер и кукавица доколку беше така. Дали ќе бидеме среќни на одлуките на Скопје и Подгорица? Секако дека нема. А дали е фер кон Србија, се разбира дека не е, додал Вучиќ.